Англиско, шпанско, или англиско-шпанско финале?

Манчестер сити – Реал Мадрид и Ливерпул – Вилјареал се двете полуфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони. Првите мечеви се играат во Англија на 26 и 27 април, а реваншите се во Шпанија, на 3 и 4 мај.

Има три опции: англиско финале, шпанско финале, или англиско-шпанско.

Вилјареал е аутсајдер против Ливерпул, но така беше и против Јувентус и Баерн. Никој не може да смета на сигурна победа против мајсторот за елиминациски мечеви, Унаи Емери.

И Сити ќе биде фаворит на хартија против Реал, но Кралскиот клуб има 13 трофеи, Граѓаните ниту еден. На Реал му оди во прилог што има Хрват во своите редови, па ако продолжи традицијата титула да освојува тим кој има барем еден Хрват, тогаш Сити нема шанса.

- Оглас -

Најнови вести