Прогнозерите се вратија во форма со ваучери од 500 денари – Од денеска почнува нова рунда за ајфонот

Спортска прогноза ќе има засилување за 31-вото коло кое е во тек и ќе има два меча од популарниот ФА куп, а веќе од денеска ќе можете и да типувате на 13+2 пара.

Тоа значи дека дел од најсилните екипи во Англија ќе играат фудбал, иако ги нема вообичаените натпревари од Премиер лигата.

На менито од основната програма со 13 натпревари ќе можете да го прогнозирате исходот на два натпревари од четвртфиналето на Националниот куп на Англија, а ви ги нудиме дуелите меѓу Шефилд јунајтед и Арсенал и Лестер и Челзи.

Во 31-вото коло ќе можете да се вклучите до сабота, до 15.30 часот, до почетокот на првиот меч од понудената програма. Стартуваме со бундеслигашкиот дуел меѓу Унион Берлин и Фортуна Дизелдорф, многу важен за гостите во битката за опстанок.

Сезонава на „Алтен Фурстереј“ во Берлин, Унион игра одлично, па ќе биде интересно да се почне со прогнозирање во 31-вото коло од најголемиот германски град.

Половина час подоцна, во фокусот ќе биде Јоркшир и веројатно најзначајниот дуел за Езџан Алиоски и соиграчите во оваа сезона. Лидс му е домаќин на Фулам и со победа во директна битка може да ги разреши сите дилеми за пласман во Премиер лигата.

Од дуелите во недела што ви ги нудиме за прогнозирање за нас најинтересен е тој во Валенсија, меѓу Леванте и Атлетико Мадрид. Енис Барди игра одлично, но прашање е колку може со соиграчите да му се спротивстави на фаворитот Атлетико Мадрид.

Во близина ќе се игра и дербито на Ла Лига меѓу Вилјареал и Валенсија, а подоцна со внимание ќе го следиме и дуелот меѓу Милан и Рома во Серија А.

Битката да се погодат сите 13 двојки ќе заврши во понеделник, со мечот меѓу Хетафе и Реал Сосиедад.

Во претходното коло прогнозерите покажаа дека се враќаат во форма и имаше дури 13 учесници со по 11 погодоци, што им донесоа ваучери од по 500 денари.

Сега пак ќе има трка за да се погоди комплетно тринаесетката што носи награда IPhone XS, а веќе знаете дека со една утка се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life.

Во последната фаза полека влегува и битката во Генералниот пласман за шампион на втората сезона во играта што ја организираме за Вас и е бесплатна и многу забавна.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести