1009 Манчестер јунајтед – Арсенал (17:30)
Вниманието на светската фудбалска јавност денес е насочено кон големото англиско дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал. Според прикажаното од минатата сезона, Арсенал ја има фаворитската улога, но на вакви дерби натпревари ретко кога може да се рече дека некој е фаворит. Токму затоа, најсигурната опција за овој меч е да се одигра на голови, а очекувањата се дека ќе ги има најмалку три и тоа во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.15)
1008 Челзи – Кристал палас (15:00)
Светскиот шампион Челзи ја има фаворитската улога против Кристал и од „сините“ се очекува да победат. Избраниците на Мареска имаат само еден пораз во последните три месеци, оној од Фламенго во групната фаза од клупскиот Мундијал, а против Кристал палас немаат пораз од 2017 година. На последните 16 меѓусебни натпревари на овие две екипи, само двапати било нерешено, а на сите останати победиле „сините“.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.95)
3679 Милан – Бари (21:15)
Во Италија се играат натпреварите од 1/32-финалето од Купот. Милан на домашен терен како апсолутен фаворит го пречекува Бари и се освен убедлива победа на „црвено-црните“ ќе биде големо изненадување. Овие две екипи последен пат играа во 2015 година, кога Милан во пријателски меч славеше со 0-1 на гостински терен, а Бари сонува за успех против гигантот уште од 1998 година, кога победија во првенствен меч.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.93)
1709 Нант – ПСЖ (20:45)
Фудбалерите на ПСЖ со незгодно гостување кај Нант ја отвораат новата сезона во француската Лига 1. Сепак, „светците“ се фаворити за победата, а на последните две гостувања кај денешниот противник победуваа со 0-2, односно 0-3.
Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.70)
1022 Хал – Оксфорд јунајтед (16:00)
Хал и Оксфорд јунајтед имаа лош почеток на првенството во англиската Чемпионшип дивизија, па меѓусебниот натпревар е одличен за некој од екипите да дојде до бодовите. Традицијата вели дека нивните натпревари се ефикасни, па очекувањата се дека ќе биде така и попладнево.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.95)