21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Англските екипи први даваа голови, но губат на полувреме

По три гола беа постигнати во првите полувремиња на двата први четвртфинални дуели кои се играат во Лигата на шампиони. Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ води со 2:1 против Манчестер сити, а Баерн Минхен има предност од 2:1 на гостувањето во Лондон против Арсенал.

Фириозно започнаа двата меча, а интересно е дека екипите кои први се израдуваа на погодок, сега се во заостанување. По нецели две минути игра, Манчестер сити поведе со голот на Бернардо Силва, но веќе во 15 минута Реал Мадрид беше тимот со предност.Камавинга и Родриго погодуваа во 12 и 14 минута за радост на домашните фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

Во Лондон беше спротивно. Домаќинот Арсенал прв погоди за 1:0 преку Сака, но Баерн Минхен покажа зошто секогаш е во елитниот дел од европскиот фудбал и направи пресврт. Гнабри погоди за 1:1, а потоа Хари Кејн од пенал погоди за водство на гостите од Минхен од 2:1.

Погодоците од првиот дел на двата меча може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести