Ангола за едно полувреме постигна 21 поен против Италија, но тоа не е најлош учинок досега

Италија направи исчекор кон следната фаза на Мундобаскетот по денешниот триумф над Ангола со конечни 92:61, што е втор позитивен резултат за нив. Што се однесува за селекцијата на Ангола, таа го претрпе и вториот пораз во групите, по што ѝ стана јасно во кој тек ќе се одвива остатокот од Светскиот кошаркарски собир.

Дебаклот од Србија не беше доволен, Анголците денес одново се засрамија. За едно полувреме против Италија постигнаа само 21 поен, 11 во првата четвртина, 10 во втората. Да биде уште посмешно, веќе во третиот период постигнаа еднаков број поени колку во целото прво полувреме.

Сепак, тоа не е најслабиот учинок на Мундобаскетот на една репрезентација во два периоди од по 10 минути. Вчера Црногорците беа очајни против Грција, дадоа само 16 поени за 20 минути. Катастрофални беа и Германците во мечот против Франција, во кој за две делници запишаа само 20 поени.

Второто коло од групите уште е во тек, а веќе се познава оргомната разлика во квалитетот на репрезентациите-учесници во 18-тото издание на Светското првенство во кошарка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести