Анхел ди Марија поради смртните закани нема да ја заврши кариерата во матичниот клуб

Анхел ди Марија со трофејот од Копа Америка ја заврши својата репрезентативна кариера и со 145 настапи за Аргентина заминува во пензија. Желбата на фудбалерот беше од клупскиот фудбал да се прости во дресот на својот матичен клуб, Росарио, но тоа нема да се случи.

Аргентинецот одлучи дека нема да се пресели во Росарио поради смртните закани кои ги добива неговото семејство, а полицијата во Аргентина вели дека тоа го прават криминални структури во градот.

Неговата сестра на работното место добила кутија во која имало свинска глава со куршум во чело, а потоа слична закана добил и Ди Марија со пораката дека следната глава ќе биде онаа на неговата ќерка.

Анхел ди Марија во својата кариера настапуваше за Росарио, Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести