36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Анхел Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ деновиве ќе испрати понуда за 36-годишниот аргентински офанзивен фудбалер за врска Анхел Ди Марија.

Ди Марија најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да продолжи за уште една сезона, но веројатно нема да ја искористи. И Бешикташ има разочарувачка сезона, па им требаат ѕвездени засилувања.

Некогашниот член на Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, доколку прејде во Бешикташ, тоа најверојатно ќе му биде неговиот последен европски тим, пред кариерата да ја заврши во клуб од родната земја.

- Оглас -

Најнови вести