Претседателот на Хетафе, Анхел Торес, откри дека практично биле затворени операциите за доведување на Лионел Меси и Пеп Гвардиола во различни периоди.
„Барселона го зеде Лаудруп, а јас сакав да го доведам Гвардиола. Разговарав со неговиот брат Пере и постигнавме принципиелен договор, беше спремен да дојде. Лапорта прво не го гледаше Гвардиола како кандидат за тренер на првиот тим на Барса. Пеп ќе имаше големи успеси во Хетафе бидејќи е чудовиште“, вели Торес во неговото интервју во еден поткаст.
Во тоа време Пеп Гвардиола бил тренер на Барселона Б.
Торес откри повеќе детали и за договорот со кој речиси бил завршен трансферот на Меси во Хетафе.
„Отидовме да прашаме за позајмица на Меси. Имавме принципиелен договор, а Франк Рајкард, кој беше тренер во тоа време, рече дека има некој повреден и не може да си замине, дека ќе почне да му дава време за игра, па се вративме во Мадрид без Меси“, додаде Торес, кој и во минатото има раскажувано на истата тема.