„Анхоч“ и „Комикс МК“ го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија LEVEL UP EXPERIENCE

Викендов во „Дајмонд мол“ во Скопје за првпат се одржа најголемото гејмерско доживување во Македонија Level Up Experience организирано од технолошкиот гигант „Анхоч“ и онлајн медиумот „Комикс МК“. Гејмерите и фановите викендов успеаја да кренат уште еден левел!

Гејмерите ги засукаа своите ракави, ги загреаја своите мауси, тастатури, контролери и мобилни телефони и дојдоа да ги покажат своите вештини и знаења во League of Legends, Street Fighter 6, Mario Kart 8, Brawl Stars и Pokemon Go. 

Ова гејмерско доживување не може да помине без дополнителни спектакуларни доживувања, како што е возбудливиот Косплеј-натпревар предводен од Ива Стојческа (Avi Cosplay) со тематика инспирирана од анимираната хит-серија на Нетфликс Arcane.

Атмосферата за посетителите на настанот беше збогатена со прекрасна музика за која што беше задолжен DJ Bono.

Посетителите ги разбудија спомените и се навратија во детството со безвременскиот Ретрокорнер, каде што можеше да се играат легендарни игри како Doom (1993), PES (2004) и Tekken 3 (1997).

За фановите кои сакаат да шизат на подиум имаше Shake It off корнер напојуван од аудио брендот JBL, каде што посетителите ги покажаа своите танцувачки способности и си добија награди!

И нормално, најголемата атмосфера ја направи еден од најпознатите водители и шоумени во Македонија, Марко Новески, кој беше главниот водител на настанот со неговата непречена смисла за хумор. Тој исто така имаше чест да додели голем број подароци како гејминг периферија, хардвер, маички и сè останато.

Наградите беа обезбедени од брендовите White Shark, Genesis, JBL, Samsung, Natec, FunkoGram и Barner.

Нормално за гејмерите никогаш да не бидат гладни и жедни, тука беа Витаминка со Стоби Флипс и Пивара Скопје со Монстер, Кола Кола и Роса!

Фокус беше даден и на новите и млади стримери и контент креатори.

На Level Up беа присутни двајцата стримери од OrozzTV, Никола Чингоски (Professor Chingo) и Николај Јанушевc (Clesny). Стримерите ја збогатија програмата со тоа што играа Returnal, Black Myth: Wukong, Marvel Rivals, Space Marines и Call of Duty.

Гејмерите сè почесто ги оставаат компјутерите и конзолите и се префрлаат кон уредите коишто ги имаат со себе цело време, а тоа се мобилните телефони. Па затоа на настанот имаше и турнир во мегапопуларната мобилна игра со слатките мали, но многу опасни борци Brawl Stars, организирано од Brawl Stars Македонија. Не треба да се потценува големината на некој херој, не се знае колку може да биде опасно.

Дополнително за фановите на мобилниот гејминг имаше Pokemon Go натпревар организиран од најголемите промотори на Источноазиската култура во Македонија, „Пагода“. Вистинските ловци на покемони и борците влегоа во арените и направија борби коишто ќе се паметат! Дополнително дечките организираа турнир во хитот на Нинтендо Mario Kart 8 Deluxe, каде што се извозеа голем број километри и голем број трки. Сите возачи преживеаја иако на патеката имаше многу фрлени банани.

Тука беа и храбрите „тепачи“ кои ги измерија силите во Street Fighter 6 и приредија вешти комбинации на потези кои публиката ќе ги памети! Овој турнир беше организиран од македонската Discord заедница за тепачки игри, RedFist Dojo.

Најголемиот хит и најголемото доживување на настанот беше турнирот во мегапопуларната видеоигра League of Legends, каде што фановите уживаа во прекрасна игра и интензивни борби до самиот крај!

Во финалето се појавија тимовите на Respawn Gaming и тимот на Македонската Е-спорт организација Void E-Sports. До последен момент на жестока борба, многу шетање низ џунгла, многу тенкање, на крајот тимот на Respawn Gaming се избори и стана шампион во League of Legends на Level Up, а третото место го освои тимот на Asylum.

Овој викенд Скопје и Македонија добија уште едно гејмерско доживување коешто ќе се памети долго и коешто има намера да стане традиција и да се случува сè почесто.

Гејмерите и фановите на гиковската култура се желни да има вакви настани во текот на целата година, а неуморните организатори „Анхоч“ и посветените соработници „Комикс МК“  се тука да ги направат тие желби реалност!

Level Up – Одиме на следниот Левел!

 

- Оглас -

Најнови вести