Анонимец седнува на клупата на Хјустон рокитс

Стивен Силас е новиот тренер на Хјустон рокитс, потврдија американските медиуми, со кого франшизата од Тексас се договори на четиригодишна соработка. Силас до неодамна му беше десна рака на Рик Карлајл во Далас, а сега за првпат во тренерската кариера самостојно ќе води екипа во НБА-лигата.

Силас од 1999 година работи во најатрактивната кошаркаска лига во светот, главно како помошен тренер во екипи како Кливленд, Голден стејт, Вашингтон и споменатиот Далас, па 47-годишниот стратег имаше прилика да работи со ѕвезди како Стеф Кари, Лука Дончиќ.

Сега Силас ќе има задача од Ракетите да направи тим кој ќе биде поконкурентен од претходно, а располага со огромен талент во екипата која ја предводи бековското дуо Харден – Вестбрук.

- Оглас -

Најнови вести