Анонимно име кое ништо не значи во светскиот фудбал е најголем фаворит да го наследи Јирген Клоп

Германскиот тренер Јирген Клоп денеска ги шокира навивачите на Ливерпул, откако јавно најави дека ќе си замине од кормилото на англискиот тим на крајот од сезоната. Клоп седна на клупата на гигантот од „Енфилд роуд“ во 2015 година, а сега, по девет години, реши дека е време да си оди.

Под водство на Клоп, Ливерпул се радуваше на титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони, ФА Купот и Лига купот. По изјавата на Клоп дека си заминува, веднаш започнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде негов наследник.

Многумина фокусот го свртеа во германската Бундеслига, во имињата на Томас Тухел од Баерн Минхен, односно предводникот на Баер Лверкузен, Чаби Алонсо. Сепак, обложувалниците сметаат дека најголем фаворит да го замени Клоп е неговиот актуелен помошник, Пепијн Лијндерс. Тоа е холандски стратег кој има 41 година, а само еднаш работел како прв тренер и тоа во тимот на НЕЦ во 2018 година, но доби отказ откако не успеа да го однесе тимот во елитното холандско првенство. Тој е помошник на Клоп од 2018 година и одлично ги позната фудбалерите и работата во клубот, па тоа е и логично решение, да добие шанса да се покаже како прв тренер на европскиот гигант.

Дури и самиот Клоп го посочи Лијндерс како вистински избор за негов наследник.

„Момците се подготвени да продолжат без мене. Тоа го знам и тврдам дека е така. посебно ќе го издвојам Пеп. Тој имаше големо влијание во нашата игра во изминативе неколку сезони. Ми даде многу нова визија за фудбалот и ако некој е подготвен да го води овој тогаш тоа е тој“, рече Клоп.

Квотата за Лијндерс да го наследи Клоп е точно три. Зад него следуваат Чаби Алонсо со квота 5 и Стивен Џерард со квота од 5,5. Од атрактивните тренери кои моментално се без ангажман тука се Антонио Конте, Грем Потер и Жосе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести