27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Анри: Арсенал во Ѓокереш доби „убиец“ во шеснаесетникот

Легендата на Арсенал, Тјери Анри, со пофални зборови се изрази за новото засилување на Топчиите, Виктор Ѓокереш. Според него, шведскиот репрезентативец е вистинскиот напаѓач за тимот, а тоа се видело уште на пријателскиот меч со Атлетик Билбао.

„Поседува инстинкт и веднаш прочита каде ќе заврши центаршутот, потоа следуваше одличен удар со глава – меко, но прецизно, испраќајќи ја топката на спротивната страна од голманот. Типичен гол за вистинска ‘деветка’. Ѓокереш е автентичен број „9“. Секогаш сака да биде во шеснаесетникот и да добива топки. Арсенал со него има убиец во казнетиот простор бидејќи е тим кој создава многу шанси. Но, мора да разберете дека понекогаш работите не функционираат веднаш. Сите треба да бидат трпеливи“, изјави Анри.

Арсенал во првото коло од новата сезона во Премиер лигата му гостува на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести