15.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Анри има три фаворити за освојување на ЛШ, едната екипа до сега го нема освојувано трофејот

Славниот француски напаѓач, Тиери Анри, има три фаворити за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона, а тоа го темели на нивните игри во досегашниот тек од сезоната.

Тоа се Арсенал, Баерн Минхен и ПСЖ, а она што е интересно „топчиите“ немаат трофеј од елитното натпреварување, а Французинот токму во оваа екипа стекна светска слава.

ПСЖ веќе има три од три на стартот од Лигата на шампионите и тоа со импресивна гол-разлика од 13 дадени и само три примени голови, но и гостинска победа над Барселона.

Ист ефект има и Арсенал, три победи, со осум дадени и без ниту еден примен гол.

Баерн Минхен има одиграно два натпревари и на двата победи со гол-разлика од осум дадени и два примени, а „баварците“ вечерва на домашен терен го пречекуваат Бриж, па може дополнително да ја подобрат гол-разликата.

- Оглас -

Најнови вести