Анри му даде совет на Мбапе кој сигурно нема да им се допадне на челниците на ПСЖ (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ сезонава повторно доживеаја ново разочарување во Лигата на шампионите, беа елиминирани од Баерн Минхен и повторно останаа без трофеј, а легендарниот француски фудбалер Тиери Анри, има совет за Килијан Мбапе, кој сигурно нема да им се допадне на челниците на Светците.

Анри по двата порази од Баерн Минхен во осминафиналето од ЛШ (1:0 и 2:0), го советуваше Мбапе да го напушти ПСЖ и тоа веќе во претстојното лето.

„Иако успеаја да го задржат минатото лето, мислам дека сега на челниците на ПСЖ ќе им биде многу тешко да го убедат да остане“, изјави Анри за Си-би-ес спортс.

Легендарниот француски напаѓач објасни зошто Мбапе мора да си замине од ПСЖ.

„Јас на време го напуштив Арсенал бидејќи највеќе на светот сакав да се натпреварувам. Потоа заминав во Барселона каде беа Меси, Роналдињо и Ето. Ми рекоа дека нема да бидам стартер, но мојот одговор беше „ќе видиме“. Затоа момче, ако сакаш да се натпреваруваш, мораш да одиш во тим во кој ќе можеш тоа да го направиш“.

Анри со Барселона освои седум трофеи, вклучувајќи го и трофејот што со Арсенал никако не успеа да го освои, тој што е наменет за најдобриот во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести