Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри, има инетресен предлог за промена на неколку правила во фудбалот.
Тој предлага четири новини кои би го направиле фудбалот уште поинтересен.
Превенција од крадење на време. Анри предлага која некоја екипа има водство или позитивен резултат и со шутирање на топката или со лежење се обидува да го троши времето, автоматски да биде досуден слободен удар на 25 метри од голот. Екипата која треба да го изведе да одлучи каде ќе ја постави топката на таа оддалеченост.
Добивање на бодови за постигнати голови. Доколку екипите постигнат над три голови, без разлика кој е исходот да добијат по еден дополнителен бод. Пример е натпреварот Лестер – Фулам кој заврши 5-3. Според предлогот на Анри, Лестер би доби четири бодови, а Фулам еден.
Задолжително објаснување на судиските одлуки. Судиите секоја одлука ќе мора да ја објаснат, зошто досудиле или не досудиле нешто.
Привремена замена. Според предлогот на Анри, доколку некој играч е повреден и му се укажува помош надвор од теренот, екипата да може да стави нов фудбалер на теренот за да не биде со играч помалку. Откако ќе заврши укажувањето на помош, повредениот фудбалер се враќа на теренот, а привремената замена се сели на клупата.