Анри: Уживав во кратката авантура

Монако вчера во доцните часови му врачи отказ на Тиери Анри и на клупата го врати Леонардо Жардим. Португалскиот стратег повторно ќе ги води „кнезовите“, само 15 недели откако беше отшуштен и заменет токму со Анри. Поранешниот голгетер на „топчиите“ не се снајде во својата прва тренерска работа, слабите резултати се причина што реководството на клубот се одлучи за ваков потег.

Анри преку порака на социјалните мрежи се заблагодари на клубот што му пружија шанса да заплива во менаџерските води, а воедно вели дека уживал во авантурата иако беше кратка.

„Со голема таgа заминувам од Монако. И покрај сите потешкотии со кои се соочивме во текот на мојата кратка авантура, можам да кажам дека уживав во овој прекрасен клуб. Верувам дека со новите играчи тимот ќе биде подобро подготвен за остатокот од сезоната. Се надевам дека ќе успеат да влезат во победничка серија и да ја остварат својата цел. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа и ми ја укажаа оваа шанса да работам тука. Се надевам дека мојот наследник ќе биде поуспешен од мене“, истакна Анри во пораката.

Воедно, со Анри од клубот си замина и спортскиот директор Мајкл Еменало, поточно и нему му врачија отказ. Тој на функцијата еше 14 месеци, откако ја прекина повеќегодишната соработка со Челзи.

https://twitter.com/ThierryHenry/status/1088896931986898949

- Оглас -

Најнови вести