Ансу Фати се враќа во Лигата на шампионите по пауза од 688 дена

Барселона утре од 21 часот му гостува на Монако во меч од првото коло во Лигата на шампионите, а на листата на кандидати за настап се најде и Ансу Фати.

Фати нема играно за Барса во ЛШ уште од 1 ноември 2022 година. По повредите и позајмицата во Брајтон, 21-годишниот Фати повторно е во Барселона, го доби дресот со бројот 10, кој пред него го носеше најголемиот во историјата на клубот, Лионел Меси, и конечно е спремен за игра.

- Оглас -

Најнови вести