Ансу и Педри испишаа историја, првпат двајца малолетници дадоа гол на еден меч од ЛШ

Ансу Фати со голот кој го постигна против Ференцварош, стана најмлад фудбалер во историјата кој постигнал два гола во Лигата на шампионите. Фати има 17 години и 355 дена, тој е прв малолетник со два гола во ЛШ, а рекордот може да му го урне клупскиот колега Педри.

Педри вечерва даде гол во победата на Барселона од 5-1, а има 17 години и 330 дена. Ако Педри даде гол во дербито против Јувентус во следното коло, може да стане најмлад играч во историјата со два гола во ЛШ.

Ансу Фати и Педри вечерва направија нешто што не е видено во историјата – двајца малолетници погодија на ист меч од елитното континентално натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести