Анте Чачиќ веќе не е тренер на Динамо Загреб

Сензационалниот пораз од Шибеник во полуфиналето на Купот на Хрватска донесе смена на тренерското место во Динамо Загреб.

Анте Чачиќ вечерва доби отказ и веќе не е тренер на тимот за којшто игра Стефан Ристовски.

Чачиќ имаше договор со Модрите до 2024 година, па клубот ќе треба да му исплати околу половина милион евра, објавуваат хрватските медими. Ова е негово второ бркање од Динамо, иста судбина го снајде и пред 11 години.

- Оглас -

Најнови вести