Антиќ: Со мојот тим ќе се бориме да ја вратиме публиката и да имаме силна репрезентација

Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, како што е новиот назив, Перо Антиќ, кажа дека приоритет во четиригодишниот мандат му се враќање на публиката на трибините и враќање на машката репрезентација во висините во коишто беше некогаш.

„Чудно е од кошаркар да се стане претседател на федерација, но со добар тим, со добра стратегија, програма и со вас медиумите, мислам дека можеме постепено кошарката да ја вратиме таму каде што заслужува. Не може во еден ден да се реши сè, но имам тим со луѓе од бизнис-делот и спортот. Тоа се професионалци со кои заедно ќе работиме на остварување на програмата и развој на кошарката. Приоритет ќе бидат младите кошаркари, враќање на публиката на трибините и, секако, издигнување на сениорската машка репрезентација“ , кажа Антиќ по изборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести