Антиќ заедно синовите ја следеше пресметката на неговите два поранешни тима во Белград (ФОТО)

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, вечерва заедно со своите синови го следеше дуелот од претпоследното коло во Евролигата меѓу Црвена ѕвезда и Олимпијакос.

Белградските Црвено-бели во салата „Александар Николиќ“ во Белград, со 87:79 ги совладаа Црвено-белите од Атина, а интересно е што Антиќ играше за двата тима.

Тој со овации беше поздравен од навивачите на Црвена ѕвезда,а Антиќ и неговите синови носеа идентични маички на кои пишуваше „Семејни вредности“.

 

- Оглас -

Најнови вести