Најдобриот стрелец на Ангола, Џалма Кампос погоди во второто полувреме и донесе многу значаен бод за својата репрезентација на дуелот со фаворитот Тунис, во меч од првото коло во Е групата на Африканскиот куп на Нации.
Џалма, кој игра за турскиот клуб Аланијаспор беше прецизен во 73. минута и ја анулира предноста на Тунис од првото полувреме, кога Мсакни погоди од пенал.
Ангола никогаш го нема победено Тунис, па бодот занив е голем успех, кој има дава надеж дека ќе ја минат фазата по групи во конкуренција уште и на Мали и Мавританија. Овие две селекции ќе играат од 22 часот во Суец.
Двете првопласирани селекции од секоја група имаат сигурен пласман во осминафиналето, а ќе им се приклучат уште четири од 8 третопласирани селекции.