Антонио Конте е „господин титула“ во Серија А, прв тренер кој славел со три различни клуба

Антонио Конте е новиот херој на Неапол. Под негово водство, Наполи го освои Скудетото за сезона 2024/25, по триумфот над Каљари со 2-0 во последното коло од Серија А. Оваа победа го означи почетокот на лудото славје на југот на Италија, каде фудбалот се живее со страст каква што ретко се среќава.

Италијанскиот стратег испиша историја. Toj стана првиот тренер што освоил Скудето со три различни клуба во Италија: Јувентус, Интер и сега Наполи. Со овој трофеј, Конте го заокружи своето петто шампионско славје во Калчото, израмнувајќи се со легендарните Фабио Капело и Марчело Липи на „вечната листа“ на најтрофејни тренери во Серија А.

Но, Конте е и шампион на Англија, откако ја освои Премиер лигата со Челзи во сезоната 2016/17.

- Оглас -

Најнови вести