Антонио Конте повторно го направи невозможното, а овојпат можеби и самиот себе се надмина. Со освоената титула во Серија А со Наполи, тој го освои своето петто Скудето како тренер и стана првиот во историјата кој го направил тоа со три различни клуба. Со ова, неговото место во аналите на италијанскиот фудбал е дефинитивно запечатено.
Успехот со Наполи е уште повпечатлив ако се знае дека клубот минатата сезона заврши на десеттото место, а многумина ја сметаа екипата за недоволно квалитетна за битка за врвот. Но Конте уште еднаш го наметна својот печат, можеби појасно од кога било досега.
Но, тој најверојатно нема да остане во Неапол и следната сезона.
Според „Калчомеркато“, Антонио Конте е на прагот да се врати во Јувентус, со кој исто така бележеше одлични резултати и освои титули и како играч и како тренер.