Антонио Конте ќе биде нов тренер на Њукасл?!

Италијанскиот стручњак Антонио Конте, е прв фаворит за преземање на тренерското место во Њукасл. Тимот има само три бода после седум кола во Премиерлигата, актуелниот тренер Стив Брус нема да остане уште долго, се очекува Конте да биде човекот предводник на новиот амбициозен проект.

Очекувањата се Њукасл да тргне по стапките на Челзи од времето кога беше купен од Роман Абрамович и на Манчестер сити откако газди се шеици од Обединетите Арапски Емирати, и со големи вложувња во наредниот период, Чавките да имаат тим кој ќе се бори за трофеи и да учествува во Лигата на шампионите.

Конте не е единствен кандидат за тренер, се спомнуваат и Англичаните Френк Лампард и Стивен Џерард. Конте во моментов работи како телевизиски аналитичар, и поверојатно тој да стане тренер на Њукасл од следната сезона, отколку веднаш да го преземе кормилото. Конте во минатата сезона освои титула во Италија со Интер, но се раздели со клубот. Тој има титула и во Премиерлигата, како тренер на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести