Антонио Конте ќе оди на операција и ќе мора да одмори од тренерлукот за да не си го загрози животот

Антонио Конте ќе мора да оди на операцијата на ќесето на жолчката, проблем што го мачи менаџерот на Тотенхем извесен период, а потребно е да биде решен со хируршки зафат.

Италијанскиот стратег имал големи болки во пределот на стомакот и откриена е причината и денеска ќе биде опериран за да се отстрани проблемот што го мачи.

Конте, според соопштението на Тотенхем, ќе мора да паузира на неодредено време по операцијата и ќе отсуствува од тренинзите и натпреварите на англискиот клуб на неодреден период.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1620723908751118336?s=20&t=kZXadAegn79uCaj3OHT0yQ

Засега е непознато какво ќе биде привременото решение на клупата на Тотенхем, а како замена на Конте сигурно ќе биде некој од неговите помошници во стручниот штаб.

 

- Оглас -

Најнови вести