-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Антонио Конте сака да го доведе Рахим Стерлинг на позајмица во Наполи

Италијанскиот првак Наполи го стави Рахим Стерлинг на својот радар. Според „Кориере дело Спорт“, Антонио Конте сака да го засили офанзивниот дел од тимот во јануарскиот преоден рок, а поранешниот англиски репрезентативец е еден од главните кандидати.

Стерлинг се врати на „Стемфорд бриџ“ минатото лето, по едногодишната позајмица во Арсенал, но неговото враќање не беше по желба на тренерот Енцо Мареска. Дури не му беше дозволено ни да тренира со првиот тим, а последниот официјален натпревар го одигра во мај минатата година.

Наполи добро знае како се прават успешни трансфери од Англија, примери за тоа се Скот Мектоминеј, кој беше избран за играч на сезоната во Серија А, и Расмус Хојлунд.

Според информации од Италија, евентуален трансфер на Стерлинг би значел Челзи да ја покрие речиси целата негова плата. Покрај Наполи, интерес за него покажуваат и Фулам и Вест хем, но Челзи многу повеќе би сакал да го испрати на позајмица подалеку од Островот.

- Оглас -

Најнови вести