Еквадорската фудбалска легенда, Антонио Валенсија, кој 10 сезони играше за Манчестер јунајтед, кога зборуваше за најслаби европски репрезентации, ја издвои Македонија.
Валенсија, како и многу Јужноамериканци претходно, се навредија од изјавата на Килијан Мбапе дека во Јужна Америка нема квалитетни селекции и дека им е лесно да се пласираат на Светско првенство.
„Во Европа треба да играат против Македонија за да се најдат на СП. Играат против селекции кои не се компетитивни. Нека проба Мбапе да игра тука во Јужна Америка. Сум играл на 45 степени во Баранкилја откако сум дошол од Перу, а потоа во Ла Паз на огромна надморска височина. Можеби Мбапе не е доволно запознаен, но јужноамериканските квалификации се тешки“, изјави Валенсија.
Инаку Македонија не е на СП откако загуби на гости од Португалија.