Анжелика Сидорова скока опасно високо

Анжелика Сидорова е новата светска шампионка во скок со стап, а ја победи конкуренцијата во Доха со победнички скок од 4 метри и 95 сантиметри.

Русинката беше подобра од Сенди Морис, која успеа со најдобар личен резултат во кариерата од 4,90 да го освои среброто, а бронзениот медал е за Катерина Стефаниди од Грција.

За Сидорова ова е прво злато во кариерата, откако двапати беше европска шампионка во сала и еднаш на отворено.

 

- Оглас -

Најнови вести