Фудбалерите на АП Брера продолжуваат со одличните игри на стартот од сезоната во Првата фудбалска лига и го задржаа максималниот учинок по три кола. Шкендија пак има натпревар помалку и две победи.
Последна жртва на АП Брера е шампионот Струга ТЛ, кој е совладан пред своите гледачи со 1:2.
Струмичани првото полувреме го завршија со минимална предност благодарение на голот на Крстевски во 26-тата минута.
На стартот од вториот дел, Ибраими во 53-тата минута го израмни резултатот, но победата и трите бода за АП Брера ги донесе Врдољак со голот постигнат во 71-вата минута.