Апел на поранешна НБА-ѕвезда: Ако не добијам бубрег, нема многу да живеам

Поранешниот НБА-кошаркар и трикратен победник на натпреварот во забивање на олстар викендот, Нејт Робинсон, упати јавен апел поради неговата тешка здравствена состојба.

Имено, на Робинсон кој професионалната кариера ја заврши во 2018 година, итно му е потребен донор на бубрег.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1778110526104711296

 

„Ако не добијам нов бубрег, нема уште многу да живеам. Знам дека ми остана уште малку живот, па се обидувам да живеам што подобро. Постојат луѓе чие тело ја одбива дијализата. Му благодарам на Бога што моето тело ја прифати па можат да живеам. Без дијализа не преживеал ниту една недели. Ситуацијата е сериозна и не смеам да пропуштам ниту еден третман. Одам на дијализа трипати или четирипати неделно“, вели Робинсон во интервјуто за англискиот весник „Дејли Мејл“.

https://twitter.com/i/status/1778123468694827187

 

Нејт Робинсон во НБА играше од 2005 до 2015 година,  а најголеми успеси му беа трите победи во натпреварите во забивање (2006,2009,2010) на олстар викендите иако е висок само 175 сантиметри.

- Оглас -

Најнови вести