Апликација од која се ужаснува секој фан на Барса – како изгледа Меси во туѓи дресови? (Фото)

Аргентинците преку една мобилна апликација, им доловија на љубителите на фудбалот како би изгледал Лионел Меси во дрес на некој клуб кој не е Барселона. Тешко е да се замисли Меси во некој друг клуб освен Барселона, но никогаш не треба да се вели никогаш, особено ако каталонците сезонава не освојат ниту еден трофеј и ако не бидат донесени засилувањата кои ги бара најдобриот фудбалер.

Има шпекулации дека ако не биде по негово и клубот продолжи да тера како сега под водство на Хосеп Марија Бертомеу, Меси во летото 2021 ќе си замине од Барса.

Еве како би изгледал Меси ако биде играч на Манчестер сити:

Најголем кошмар би било ако замине во Реал, но тоа е речиси невозможно:

Можеби ќе биде клупски колега на Кристијано Роналдо:

Или пак како некогаш, член на ривалски тим на оној на Роналдо:

Ако се реши да игра за многу пари, дестинации би му биле ПСЖ или Интер од Мајами:

Ако прејде во некој од другите европски гиганти и облече црвен дрес, еве како би изгледал Меси во Ливерпул или Баерн:

- Оглас -

Најнови вести