Апокалиптична сцена: 11.000 навивачи не знаат каде да бегаат (Видео)

Милвоки бакс загуби на свој терен од Бостон селтикс иако домашните фанови беа подготвени да го прослават пласманот во конференциското финале. По триумфот на Бостон ќе следи мајсторка, односно решавачки седми дуел и тоа на теренот на Селтикс.

Освен што беа разочарани навивачите на Милвоки поради поразот, малку фалеше во градот да се случи голема трагедија. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како рој народ (според некои проценки повеќе од 11.000 луѓе), се обидува да избега, но не знаат каде.

Во центарот на градот беше организирано заедничко следење на мечот против Бостон, кога во еден момент се слушнале истели од огнено оружје. Тогаш, масата народ неконтролирано почнала да бега, но за среќа не се случило стампедо. Најмалку една жена и еден маж биле повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести