Ламин Јамал уште нема наполнето 18 години, а веќе се промовираше во еден од лидерите во Барселона. Тинејџерот е најперспективниот играч во светот, од кого се очекува да доминира во светски рамки во следните десетина години.
Токму затоа речиси и да нема клуб кој не би посакал да го види Јамал во своите редови, но малку се тие кои би имале моќ да го доведат. Еден од тие клубови што секако има финансиска моќ да се обиде да го доведе Јамал е Манчестер сити.
Според пишувањата на шпанските медиуми, актуелниот англиски првак е подготвен да испрати неверојатна понуда до Барселона, за трансфер на Јамал. Најавите се дека Граѓаните се подготвени да платат нереални 275 милиони евра за откуп на договорот од каталонскиот гигант, што би било апсолутен рекорд во светот на фудбалот.
Spanier berichten: Die „Skyblues“ bieten unglaubliche 275 Millionen Euro für Barcelona-Star Lamine Yamal – das wäre ein neuer Weltrekord! pic.twitter.com/vVBHZ3Jg01
— Kronen Zeitung (@krone_at) April 7, 2025
Актуелниот најскап трансфер го држи Нејмар, кој за 222 милиони евра од Барселона замина во Пари Сен Жермен во 2017 година. Сега, повторно играч на Барселона е во фокусот да постави нов светски рекорд за еден трансфер.
Барселона е во финансиски проблеми, но сигурно дека челниците на клубот воопшто не размислуваат да го продадат својот фудбалски бисер и тоа по ниедна цена.