Апсолутна романтика: Новите дресови на Барселона ги будат спомените од пред 30 години (Фото)

Познатиот сајт Footy Headlines го откри дизајнот на новите дресови на Барселона за сезоната 2022/23. Како главна инспирација за новите дресови се Олимписките игри кои во 1992 година се одржаа во Барселона.

За Барселона сезонава веќе е завршена од натпреварувачки аспект затоа што тимот нема шанси да освои трофеј, а настапот во Лигата на шампионите им е сигурен, па затоа уште сега се мисли за следната сезона.

Барселона во изминативе неколку месеци доживува трансформација со доаѓањето на тренерот Чави Ернандес. Сите веруваат дека Чави е вистинскиот човек што повторно ќе го одведе клубот на шампионско ниво.

Новите дресови за следната сезона ги имаат традиционалните бордо-црвени пругави линии, како и дискретна сина линија на ракавите и на вратот. На дресот уште го нема логото на новиот спонзор, шведскиот стриминг сервис Spotify, а се очекува тоа да биде во златна боја, во која е и знакот на американската компанија „Најки“.

- Оглас -

Најнови вести