Арамии влегле во домот на фудбалер на Баерн и му украле куќен апарат кој чини само 30 евра

Дека фудбалерите се омилена цел на арамиите, покажа и последниот случај со дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-јае Ким, кој остана без куќен апарат кој чини само 30 евра.

Репрезентативецот на Јужна Кореја, кој изминатото лето пристигна во Баерн од Наполи во трансфер вреден 50 милиони евра, додека се вселувал во новиот дом во Минхен, бил цел на крадци кои му го украле апаратот за подготвување ориз.

Според германските медиуми, Ким бил тажен бидејќи тој апарат го донел од Јужна Кореја. Цената на апаратот за подготвување ориз изнесува 30 евра.

- Оглас -

Најнови вести