Италијанскиот напаѓач Матео Ретеги се приклучи на саудискиот тим Ал-Кадисија од Аталанта. Договорот го потврдија од двата клуба. Ретеги имаше блескава игра минатата сезона и со 25 погодоци беше најдобриот стрелец во Серија А.
Финансиските детали од договорот не се објавени, но се вели дека вреди околу 65 милиони фунти за четиригодишна верност во тимот од Саудиска Арабија. Со овој договоор Ретеги ќе стане најскапиот италијански фудбалер во историјата.
Ретеги помина само една сезона во Аталанта, доаѓајќи од Џенова како замена за повредениот Џанлука Скамака. Со постигнатите 25 гола беше еден од најзаслужните што Аталанта заврши на третото место во Серија А.
Ретеги, роден во Аргентина, ќе го замени заминатиот габонски напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг во нападот на Ал-Кадисија. Голгетерот кој во 2023 година дебитираше и во националната репрезентација на Италија, има 20 настапи за Аѕурите и три постигнати гола.