Арапите не сакаат да играат, бараат да биде отстранета статуа од стадионот (Видео+Фото)

Во 18 часот требаше да започне дуелот од азиската Лига на шампиони помеѓу домашниот Сепахан од Иран и Ал-Итихад од Саудиска Арабија.

Сепак, раководството на гостите одлучило да не им дозволи на своите фудбалери да излезат на теренот сè додека не биде отстранета статуата на иранскиот генерал Ќасем Солемани, кој загина во 2020 година.

Од Ал-Итихад истакнуваат дека нема да го играат мечот доколку „не бидат отстранети сите политички пораки“ од стадионот во Исфахан.

Иранците до последно место го исполнија стадионот во Исфахан, на кој се најдоа над 60.000 гледачи кои направија вистински пекол за гостите од Саудиска Арабија. Сепак, според иранските медиуми, тие ќе си одат разочарани бидејќи домашната екипа нема намера да ја отстрани статуата, а тоа значи дека натпреварот нема да се одигра.

- Оглас -

Најнови вести