Арапите не се откажуваат, упорни се Меси и Кристијано Роналдо да играат во иста лига

Новинарот на Скај спорт, Руди Галети, пренесува информација дека ќе следи нов обид од Саудиска Арабија за ангажман на Лионел Меси во следниот период. Арапите се обидоа да го донесат најдобриот светски фудбалер и летово со понуда од 400 милиони евра по сезона, но аргентинецот се одлучи својата кариера да ја продолжи во САД, во екипата на Интер Мајами.

Откако неговата екипа не обезбеди пласман во плеј-офот, се погласни се шпекулациите дека Меси ќе си замине, а тоа ги подгрева и надежите на луѓето кои го водат фудбалот во Саудиска Арабија дека конечно ќе може да го ангажираат.

Нивниот план е Меси да потпише за Ал-Хилал и така да се направи ривалство помеѓу нив и Ал-Наср за кој настапува Кристијано Роналдо. Сепак, според она што се случуваше летото, тешко е остварливо дека аргентинецот ќе се одлучи на преселба на Арапскиот полустров, без оглед на сумата која ќе му биде понудена.

- Оглас -

Најнови вести