24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Арапите нема да чекаат, со рекордна сума тргнуваат по потписот на Винисиус

Откако се појавија информации дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде Винисиус и тоа пред се поради мегаломанските побарувања на фудбалерот, веднаш на сцена стапи клуб од Саудиска Арабија.

Актуелниот освојувач на азиската Лига на шампиони, Ал-Ахли од Џеда, планира да му понуди на Реал Мадрид неверојатни 300 милиони евра за да го откупи договорот на Винисиус, со што би бил срушен рекордот на Нејмар и сумата од 222 милиони евра, која ја плати ПСЖ на Барселона.

Финансиски одлично би поминал и фудбалерот, бидејќи ќе му биде понуден петгодишен договор вреден една милијарда евра, со што би станал најплатениот фудбалер во историјата.

- Оглас -

Најнови вести