Бордот на Евролигата кој го сочинуваат екипите кои ја формираа Евролигата, кон средина на месецов ќе одлучи дали кошаркарскиот клуб Дубаи ќе му се приклучи на елитното европско клупско натпреварување, пишува весникот „Мундо Депортиво“.
Клубовите кои имаат А лиценци за настап во Евролигата, што значи загарантиран настап без разлика на пласманот во домашните шампионати, ќе одлучат дали ќе ја прифатат понудата на клубот од Обединетите Арапски Емирати да биде дел од натпреварувањето.
La Euroliga, en la encrucijada: ¿Dubai sí o Dubai no?
https://t.co/S8bS1HUK4H— Euroleague (@Euroleague_LND) March 6, 2023
Понудата е тешка 150 милиони евра за шест години, но за возврат завршницата на фајналфор турнирите во 2025 и 2029 година би се одржале во Дубаи.
Токму ова е единствената точка на која ќе разговараат претставниците на 13-те тима кои ја формираа Евролигата.
Според „Мундо Депортиво“, веќе се одржани неколку рунди преговори меѓу Евролигата и претставниците на Дубаи, меѓу кои е и Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на најдобриот светски тенисер Новак.
Минатата година, претставници на 13 евролигашки клубови (Барселона, Реал, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Ефес, Фенербахче, Макаби, Жалгирис, Армани, ЦСКА, Баерн и Асвел) претстојуваа во Дубаи за да се запознаат со проектот вреден 150 милиони евра.