Светот наскоро може да го добие најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот. Арапскиот Ал-Наср тргнува по потписот на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кому договорот со Црвените му истекува следното лето.
Ова е убава шанса за заработка на Ливерпул бидејќи моменталната вредност на холандскиот репрезентативец е 30 милиони евра, а со оглед на тоа дека има 33 години, тешко дека некој европски клуб би платил повеќе.
Детали се уште не се откриваат, но според светските медиуми, Ливерпул и фудбалерот ќе добијат понуда која не се одбива. Ван Дајк во моментов се подготвува за настап на своето прво Европско првенство, па разврската околу овој трансфер се очекува по завршувањето на настапот на Холандија во Германија.