Арапите подготвуваат тужба, Турците се благодарни што ги обединиле лутите ривали

Неодиграниот надпревар од Супер купот меѓу Галатасарај и Фенербахче ќе има судска разрешница, најавуваат од Саудиска Арабија. Организаторот на мечот си ги бара парите назад кои им ги исплатиле на Фудбалскиот сојуз на Турција, а се работи за сума од 40 милиони евра. Сепак, организаторот веројатно ќе одлучи да бара и поголема сума поради изгубената потенцијална заработка.

Од Саудиска Арабија најавуваат тужби во двете земји, а потоа и пред европските судови. Екипите на Галатасарај и Фенербахче требаше да го одиграат Супер купот на Турција во Ријад, но тие одбија да го сторат тоа бидејќи организаторот не им дозволи на теренот да излезат со маички со ликот на Ататурк.

Организаторот на мечот вели дека во договорот што го имале со Фудбалскиот сојуз на Турција никаде не било наведено дека треба да им дозволат на фудбалерите да излезат на теренот со маички со ликот на Ататурк и наведуваат дека вината за неодиграниот меч е кај Турците.

Додека Арапите сè уште не можат да се помират со фактот дека мечот не се одигра, во Турција од сите страни стигнуваат пофалби за двете екипи, а ваквиот потег ги обедини и најлутите ривали во турскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести