Арапите сега ги сакаат и европските судии во нивната лига, му нудат договор и на најдобриот судија

Симон Марчињак во сабота ќе го суди финалето на Лигата на шампионите и ќе стане само втор судија кој во иста сезона судел финале и на Светско првенство и на Лига на шампиони по Хауард Веб.

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сега и на најдобриот светски судија му нуди да се пресели кај нив и да суди на натпреварите од нивното првенство. Не се открива сумата, но договорот треба да биде на три години.

Во нивната лига веќе шест месеци игра Кристијано Роналдо, а во овој преоден рок таму се преселија и Карим Бензема и Н’gоло Канте, но веројатно тоа нема да биде крај на големите трансфери во првенството на Саудиска Арабија за ова лето.

- Оглас -

Најнови вести