Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уверуваше дека неговата прва ѕвезда во екипата, Мохамед Салах, ќе остане на „Енфилд роуд“, но Арапите тврдат нешто друго. Според шпекулациите, Ливепрул ја прифатил понудата од Ал-Итихад за трансфер на египетскиот голгетер.
Салах има договор со Ливерпул до 2025 година, а најавите се дека англискиот гигант ќе добие 175 милиони евра од неговото предвремено заминување, и тоа во Саудиска Арабија. Салах во Ал-Итихад треба да добива годишна плата од 200 милиони евра. Тој треба да пристигне во својот нов дом со приватен авион и да ги помине лекарските прегледи, а потоа да го финализира договорот.
Салах во дресот на Ливерпул одигра 308 меча, во кои постигна 187 гола, а има и 81 асистенција. Претходно има играно и за Челзи, Рома, Фиорентина и Базел. Двапати беше избран за најдобар фудбалер на годината во Африка. Капитен е на Египет во чиј дрес има одиграно 88 меча и досега постигна 49 голови.