Арапите вложуваат милијарда евра за да откупат дел од Евролигата

Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој е сопственик на екипата на Њукасл, сака да инвестира и во кошарката, а според шпекулациите подготвени се да платат дури една милијарда евра за една третина од уделот во Евролигата.

Според кошаркарските медиуми во Европа, преговорите меѓу раководството на лигата и Арапите веќе се започнати, но за таа една третина од уделот има уште една компанија која е заинтересирана и во моментов тоа е најголемиот проблем за раководителите на Јавниот инвестициски фонд.

Се работи за БЦ партнерс од Велика Британија, компанија која е подготвена да ја плати истата сума како и арапскиот фонд, па раководството на Европлигата сега е на слатки маки кого да избере за партнер.

Доколку се случи Саудиска Арабија да откупи една третина од уделот, нема да биде изненадување доколку дел од натпреварите од Евролигата се играат на Блискиот Исток.

- Оглас -

Најнови вести