Арапите во тренерска офанзива: Мурињо и Алегри се на списокот со новогодишни желби

Италијанските медиуми утрово објавија бомбастична вест во пресрет на дербито помеѓу Јувентус и Рома, кое на програмата е утре. Клубови од Саудиска Арабија веќе испратиле понуди до тренерите на Старата дама и Римската волчица за нивните тренери, Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

Имињата на клубовите не се откриваат, но за Мурињо се шпекулира дека станува збор за Ал-Итихад, кој во моментов е на шесттата позиција на табелата и далеку од амбициите на клубот. Тоа автоматски би значело и отказ за Марсело Гаљардо, кој со Бензема, Канте, Фабињо… во екипата, не успеа да ги оствари зацртаните цели на раководството.

Договорот на Специјалниот со Рома му завршува на крајот од оваа сезона, а сè уште нема никаква информација дека тој ќе биде продолжен. Сето тоа само ги подгрева шпекулациите дека следната дестинација на Португалецот ќе биде токму Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести