Арапски коментатор стана хит откако киксерот Упамекано го изговори Упамегваер (Видео)

Катастрофалното издание на францускиот дефанзивец Дајо Упамекано на дуелите со Манчестер сити, придонесе да биде споредуван со Хари Мегваер кој истотака често прави големи грешки, а најдалеку отиде еден арапски коментатор.

За време на дуелот на Баерн и Сити, кога топката беше кај Упамекано, коментаторот наместо Упамекано, рече Упамегваер. Ова стана хит на социјалните мрежи, но не е познато дали коментаторот сакаше да го навреди Мегваер или станува збор за ненамерна грешка при изговорот на презимето на Французинот.

https://twitter.com/i/status/1648812208330010624

- Оглас -

Најнови вести