Могул од Саудиска Арабија што работи успешно на пазаот со недвижнини ја плати најскапата фудбалска карта на светот што го чинеше 2,6 милиони долари за мечот меѓу селекцијата составена од играчи на Ал-Хилал и Ал-Наср против Пари Сен Жермен што вчера се одигра во Ријад и заврши со победа на парижаните од 5:4.
На аукција во хуманитарни цели се продаваше таканаречен Специјален билет со почетна цена од еден милион саудиски Ријали, или околу 260 илјади долари, а беше продаден за 10 пати повеќе, односно за 2.600.000 долари.
Човекот што го купи Специјалниот билет имаше ВИП третман и привилегија да се дружи со големите светски ѕвезди на теренот и во соблекувалните, а моментот беше специјален бидејќи на натпреварот играа Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајца од Топ 10 фудбалери на сите времиња, но и Килијан Мбапе, Нејмар, Серхио Рамос, Ашраф Хакими…
Му беше дозволeно да разговара со сите нив и да се фотографира како уникатна понуда за скапо платениот билтен, но и, пред сè, поради помошта во аукцијата што со собраните пари ќе помага во хумани цели.