Eвропскиот фудбал станува aрапско царство – Саудијци сакаат да купат познат италијански прволигаш

Конзорциум од Саудиска Арабија понуди сума од 350 милиони евра за да ја купи Фиорентина, објави „Калчомеркато“.

Виолетовите од Фиренца ќе бидат само еден од низата фудбалски клубови што би биле под команда на арапски газди откако шеиците купија неколку познати клубови и се главни во ПСЖ, Манчестер сити, Њукасл…

Американскиот бизнисмен Роко Комисо го купи клубот од семејството Деле Вале во 2019 година, но сега одлучи да го продаде и веднаш има кандидати од Саудиска Арабија кои нудат 350 милиони евра за двојниот италијански шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести